Аниматор

Групите ги формираат млади обучени доброволци, наречени “аниматори“, кои имаат желба да придонесат кон подобрување на нивната заедница и да ги постават основите за промена во општеството.

Нив им се обезбедува бесплатна обука од страна на други доброволци кои имаат искуство во програмата. Материјалот за обуките го изготвува во Институтот Рухи и истиот претставува серија на курсеви од кои секој помага во развивање на одредени вештини и навики и дава преглед на теми поврзани со духовноста. Првиот курс помага во откривање на нашиот вистински идентитет и развивање на смисла за одлучност. Петтиот курс е наменет за ослободување на духовните и интелектуалните капацитети кај младите лица.

Учениците се среќаваат редовно како круг на пријатели за да работат на материјали, да ги споделат нивните мислења и се придружуваат едни со други при примена на стекнатите вештини во практика. Еден од учесниците кој има поголемо искуство има улога на  инструктор, за да ги води консултациите.