Наставна програма

Серија на книги кои се изготвени за да им помогнат на младите лица да дискутираат идеи и да создадат силен морален идентитет. Иако концептот на Бог и молитвата се дел од програмата, ова е нерелигиозна услуга која ја нуди Бахаи заедницата.

Сите книги помагаат во подобрување на јазичните вештини и моќта на изразување. Некои исто така зачнуваат и математички концепти и општествени теми, додека пак други ги подготвуваат младите лица да пристапат кон испитување на физичката, социјалната и духовната реалност на научен начин.

ПОЗИТИВНА АТМОСФЕРА
Атмосферата која се создава во групата е атмосфера на охрабрување без исмејување. Членовите на групата учествуваат во взаемното друштво, пеат инспиративни песни, практикуваат уметности и се дел од спортски збиднувања.

citatiСОПСТВЕНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Во таква атмосфера, младите лица се охрабруваат да донесуваат позитивни одлуки, да ги искажуваат своите идеи и јасно да преземаат значајни чекори.

ТРАНСФОРМАЦИЈА НА НИВНАТА ЗАЕДНИЦА
Взаемно се консултираат за идентификација на потребите на нивната населба, потоа  смислуваат и спроведуваат услужни проекти за да ја подобрат. На пример, може да одлучат да ја исчистат или да ја разубават нивната средина, да ги подучуваат нивните помлади браќа или сестри или да им помогнат на лица кои имаат потреба од помош.